Дома Топ вести Гвардиола се плаши од ПСЖ, сака веднаш да потпише со Меси

Гвардиола се плаши од ПСЖ, сака веднаш да потпише со Меси

Лионел Меси ова лето беше блиску до преселба во Манчестер Сити, но Барселона бараше да биде исплатена откупната клаузула, па Аргентинецот остана на „Камп Ноу“.

Поради тоа Меси мораше да остане во Барселона, но бидејќи неговиот договор завршува следното лето, се шпекулира дека ова ќе му биде последна сезона во Каталонија и дека на крајот ќе се пресели во Англија.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Меси наводно имал договор со Манчестер Сити уште минатото лето, но сега во трката за неговиот потпис сериозно се приклучи и ПСЖ.

Поради тоа „граѓаните“ сакаат да се осигураат и уште во јануари да го добијат потписот на Меси, бидејќи Аргентинецот може да потпише преддоговор со друг клуб.

Сепак, Меси ќе го чека исходот од претседателските избори во Барселона, па после ќе ја донесе конечната одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…