Дома Фудбал Гвардиола: Реал во Лигата на шампионите стана она што некогаш беше Барселона

Гвардиола: Реал во Лигата на шампионите стана она што некогаш беше Барселона

Maнчестер Сити со вкупно 4:1 го елиминираше Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите и во полуфиналето „граѓаните“ ќе се сретнат со Реал Мадрид.

Реал Мадрид е најуспешниот тим во историјата на Лигата со најмногу титули.

„Изгледа дека ако сакаш да ја освоиш ЛШ ќе мора да го победиш Реал. Реал Мадрид во Лигата на шампионите стана она што некогаш беше Барселона. Во ЛШ многу се важни историјата и традицијата. Прочитав дека Реал во последните 13 години дури 11 пати играл полуфинале“.

„Сепак, ние имаме три полуфиналиња во низа и мислам дека тоа е големо достигнување. Не е важно дали ќе ја освоиме ЛШ, клучно е да се обидуваме. Ако се обидуваш повеќе пати, еден ден ќе имаш доволно среќа да ја освоиш“, изјави Гвардиола.

Ќе потсетиме, во второто полуфинале ќе играат градските ривали, Милан и Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џозеф пред ново заминување од Лидс: Мајорка сака позајмица, Англичаните поставуваат услов

Матео Џозеф би можел повторно да заигра за Мајорка во јануари, но двата клуба имаат различ…