Дома Фудбал Англија Гвардиола по трилер завршница, обезбеди свое прво финале со Манчестер Сити

Гвардиола по трилер завршница, обезбеди свое прво финале со Манчестер Сити

Манчестер Сити во трилер завршница славеше со 3:2 над Бристол и стигна до финалето во рамки на Лига Купот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Граѓаните“ до финалето пристигнаа преку триумф во реванш мечот против Бристол, односно со вкупни 5:3 по двата одиграни меча.

Сити до триумф пристигна во исклучително силен состав, Пеп ништо не сакаше да препушти на случајност, а стрелците за ппрвите два погодоци за Сити беа Сане во 43. и Агуеро во 49. минута.

Сепак, Бристол не се предаде и со два постигнати погодоци пристигна до трилер завршница. Пек во 64. минута намали на 2:1, а на 2:2 изедначи Флинт во третата минута од продолжението.

На Бристол му недостасуваше еден погодок да дојде до историски пресврт, но наместо тоа на другата страна пристигна казната, Де Бриун погоди за конечни 2:3.

Сити во финалето ќе се сретне против подобриот од мечот помеѓу Арсенал и Челзи кој на програмата е утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алонсо испрати прва порака како тренер на Челси!

Чаби Алонсо е официјално новиот тренер на Челси, потврди лондонскиот клуб во саботата. Зош…