Дома Фудбал Англија Гвардиола откри за кого ќе навива во Лига на шампиони

Гвардиола откри за кого ќе навива во Лига на шампиони

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри за кој тим ќе навива во Лигата на шампионите, после елиминацијата на „граѓаните“ во четвртфиналето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Бидејќи ние и Барселона отпаднавме, ќе навивам Баерн. Се надевам овој пат дека ќе имаат повеќе среќа отколку во претходните сезони“, истакна Гвардиола кој помина три години на чело на Баварците.

„Кога ривал ќе ве отстрани со вкупен резултат од 1:5, можете само да му честитате. Ми се допадна како реагиравме по поразот на „Енфилд“, исто така многу силно игравме до паузата против Манчестер Јунајтед. Да не заборавиме дека нашиот гол против Ливерпул беше неправедно поништен. Секој детал во Лигата на шампионите е од огромно значење. Одигравме подобро од минатата година“, заклучи Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хаос во Србија: Навивачи ги тепаа фудбалерите откако изборија опстанок (Видео)

Натпреварот меѓу Раднички и Јавор заврши нерешено (2-2) во последното коло од српската Суп…