Дома Фудбал Гвардиола: Останувам во Сити, и ако клубот биде казнет

Гвардиола: Останувам во Сити, и ако клубот биде казнет

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека сигурно останува на клупата и следната сезона, дури и ако Премиер лигата ги казни „граѓаните“ за финансиски малверзации.

Премиер лигата во февруари покрена обвинение за Манчестер Сити за финансиски малверзации, после четиригодишна истрага.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Останувам во Манчестер Сити и наредната сезона. Не размислувам за заминување. Не се грижете, останувам и ако бидеме казнети од Премиер лигата,. Она што би сакал е судењето да заврши поскоро и што е можно побрзо да биде решен случајот. Ако сме згрешиле нешто, сите ќе знаат“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити оваа сезона ја освои титулата во Премиер лигата, а ќе игра и во финалињата на ФА Купот и Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…