Дома Фудбал Гвардиола: Не се сеќавам дека сум имал понуда од Звезда

Гвардиола: Не се сеќавам дека сум имал понуда од Звезда

Манчестер Сити ја забележа шестата победа во шест натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите.

Европскиот првак славеше на гостувањето кај Црвена звезда со 2:3. Пред натпреварот српските медиуми објавија дека Пеп Гвардиола имал понуда од Црвена Звезда пред 18 години.

Наводно, Драган Пикси Стојковиќ, тогашниот претседател на Звезда, сакал да донесе звучно име.

Гвардиола беше на залезот на играчката кариера, но не беше постигнат договор, напишаа Србите.

Сепак, менаџерот на Сити по победата на Маракана изјави: „Не се сеќавам дека сум имал понуда да дојдам овде да играм“.

Потоа го пофали 18-годишниот Рик Луис: “Има само 18 години. Има неверојатни способности, може да игра на повеќе позиции. Тој е одличен и во одбраната. Тој е навистина добар”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо конечно одговори на прашањето кое ја интересира Португалија, но и целиот свет!

Кристијано Роналдо одговори на прашањето колку долго ќе продолжи да игра професионален фуд…