Дома Фудбал Англија Гвардиола: Недостатокот на дефанзивци не е проблем, туку предизвик!

Гвардиола: Недостатокот на дефанзивци не е проблем, туку предизвик!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардила моменталната кадровска криза во одбраната ја прифаќа како предизвик.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во моментов Гвардиола во центрот на одбраната располага единствено со Николас Отаменди, бидејќи Лапорт и Стоунс се надвор од терените поради повреди.

На мечот со Шахтјор во ЛШ, на местото централен дефанзивец играше Фернандињо, па веројатно Пеп ќе продолжи да игра така и во Премиер лигата.

Родри може да игра како централен дефанзивец. Во тимот имам и двајца млади играчи, кои исто така треба да се бројат. Не ја прифаќам оваа ситуација како проблем, туку како предизвик“, изјави Гвардиола.

Гвардиола тврди дека никој во клубот не го потценил Норвич минатото коло бидејќи не сметаат дека се непобедливи.

„Пробемот е ваш, на новинарите, кои велите дека нема како да загубиме, бидејќи ние знаеме дека можеме да загубиме. Утре исто така можеме да бидеме поразени“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најпознатата навивачка на Хрватска ги возбуди сите на натпреварот со Панама (Фото)

Фудбалската репрезентација на Хрватска игра натпревар од второто коло на Светското првенст…