Дома Топ вести Гвардиола му одговори на Стерлинг: Ако не е задоволен нека си оди!

Гвардиола му одговори на Стерлинг: Ако не е задоволен нека си оди!

Ѕвездата на Манчестер Сити,  Рахим Стерлинг јавно го искажа своето незадоволество од статусот во тимот.

Стерлинг има помалку од две години до истекот на актуелниот договор, а јавно призна дека размилсува да ја промени средината.

Англичанецот го загуби местото во стартниот тим, а медиумите тврдат дека има недоразбирања со Гвардиола.

„Некои фудбалери се жалат бидејќи сакаат да играат постојано, не можам да им го ветам тоа. Тие треба да зборуваат на теренот, тоа е најдобро место. Она што го сакам од Рахим и сите играчи е да бидат среќни. Мора да бидат задоволни што се тука, треба да им е драго што се во овој клуб. Ако тоа не е случај, може слободно да донесат одлука да си одат“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рудигер заминува од Челзи и станува најплатен дефанзивец во светот

Антонио Рудиер најверојатно ќе го напушти Челзи на крајот на сезоната, а наскоро и официја…