Дома Фудбал Останато Гвардиола му одговори на Ибра: Да, многу сум љубоморен

Гвардиола му одговори на Ибра: Да, многу сум љубоморен

Златан Ибрахимовиќ го предупреди Ерлинг Халанд и му порача дека егото на Пеп Гвардиола може да му донесе проблеми во Манчестер Сити.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Познато е дека Гвардиола и Ибрахимовиќ не соработуваа добро во Барселона и дека имаат нарушен однос, па Пеп веднаш му одговори.

Пеп доби прашање од новинар да ја искоментира изјавата на Ибрахимовиќ, по што на ироничен начин кажа дека шведскиот напаѓач е во право.

„Во право си. Во овој клуб, моето его е над секој човек, над секој фудбалер. Јас не сакам Халанд да дава по три гола, многу сум му љубоморен. По секој меч разговарам со Халанд и му велам да не дава многу голови“, кажа Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола: За жал, таков е современиот фудбал

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги најави исклучително напорни денови за својот…