Дома Фудбал Германија Гвардиола: Левандовски одлично би се вклопил, но не знам дали Барселона има пари

Гвардиола: Левандовски одлично би се вклопил, но не знам дали Барселона има пари

Левандовски веќе не крие дека негова желба е да продолжи во Барселона.

Меѓутоа во Барселона проблем е финансиската ситуација, Каталонците имаат нешто подобра ситуација од минатата година, меѓутоа се уште тоа е далеку од нивото на кое треба да биде за нормално да функционира таков гигант.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Засега не е јасно дали Барселона може да си дозволи да плати оштета колку што ќе бара Баерн. Поранешниот стратег на Барселона, Пеп Гвардиола добро ги познава Каталонците и смета дека полскиот голгетер одлично би се вклопил.

„Левандовски одлично би се вклопил во Барселона, тој би се вклопил во секој клуб, но не знам дали Барселона ќе има пари да го доведе, нивната финансиска ситуација не е најдобра. Освен тоа тој има и договор со Баерн“, изјави Гвардиола.

Ќе потсетиме, договорот на Левандовски со Баерн истекува наредната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал со необичен пристап кон ангажманот на Клоп

Според извештаите од шпанските медиуми, Реал Мадрид применува невообичаена тактика за да г…