Дома Фудбал Англија Гвардиола изјави дека Тотенхем играл на контри, Конте му одговори

Гвардиола изјави дека Тотенхем играл на контри, Конте му одговори

Tренерите на Манчестер Сити и Тотенхем Пеп Гвардиола и Антонио Конте имаа вербален конфликт преку медиумите и друштвените мрежи.

Тотенхем го совлада Манчестер Сити на „Етихад“ со 3:2. Екипата на Антонио Конте практично создаде четири или пет прилики, а постигна три гола, додека еден гол им беше поништен и на тој начин го совлада Манчестер Сити кој немаше решение.

Кејн одлично се извлече на центарот, го пронајде Сон кој ги стави на маки Рубен Дијас и Емерик Лапорта. И покрај грешките на голот на Тотенхем во одредени моменти блескаше Лорис.

Пеп Гвардиола после мечот констатираше дека Тотенхем победил благодарение на „длабоката“ одбрана и играта на контри. Конте одлучи да му одговори и на Инстаграм објави снимка од головите на неговиот тим со коментар: Контранапади? Можеби и не.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крици одекнуваа на стадионот, фудбалер се грчеше од болки на теренот (Видео)

Дерби на шестото коло на Првата лига на Србија меѓу двете водечки екипи, ОФК Вршац и Чачан…