Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше за отказот на неговиот колега Френк Лампард.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гвардиола вели дека во фудбалот моментално не постојат проекти и идеи, туку се зависи од резултатите.
„Независно дали си млад или искусен менаџер, ние сме тука да победуваме. Луѓето зборуваат за проекти и идеи, но тоа не постои. Треба само да победуваш или ќе бидеш избркан. Ја респектирам одлуката на Челзи, но сум на страната на Лампард. Се надевам дека кога ќе заврши локдаунот ќе одиме заедно во ресторан на вечера“, изјави Гвардиола.