Дома Фудбал Гвардиола загрижен поради повредата на Лапорт

Гвардиола загрижен поради повредата на Лапорт

Емерик Лапорт се повреди во вчерашниот натпревар против Брајтон.

Лапорт заработи тешка повреда на коленото и на носилки мораше да го напушти теренот, а загрижениот Гвардиола на неговото место го стави играчот за врска Фернандињо.

Францизинот ќе ги пропушти квалификациските натпревари за ЕП против Албанија и Андора и на неговото место повик доби Умтити. Ова е несреќа за Лапорт, кој последен пат за Франција играше во март 2017. година против Шпанија, а Дешамп конечно го повика по долг период.

„Не се чувствуваше добро. Лекарот ќе ме повика и ќе ми каже што има, но мислам дека некое време ќе биде надвор од теренот. Се надевам дека нема да биде долго како Сане, но ќе видиме“, изјави Гвардиола.

Доколку се потврдат најлошите вести за Гвардиола, повредата на Лапорт би го оставила шампионот на Премиер лигата со обранбената криза, бидејќи Отаменди е единствениот стопер кој може да игра во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скопје 2014 со пресврт во дербито, Саса броеше до 12 против Речица

Скопје 2014 ја совлада Тиверија Брера со 3:2, а Каменица Саса го забележа најубедливиот тр…