Дома Топ вести Гвардиола го пронајде наследникот на Агуеро, треба да спреми над 100 милиони

Гвардиола го пронајде наследникот на Агуеро, треба да спреми над 100 милиони

0

Кун Агуеро во 2011 година пристигна во Манчестер Сити од Атлетико Мадрид и почна да испишува историја на „Етихад“.

Агуеро е незаменлив во тимот на „граѓаните“ веќе девета сезона и до сега одигра 347 натпревари на кои постигна 239 гола.

Агуеро одлично ја отвори и оваа сезона, па во првите девет меча постигна 8 голови, но Сити е свесен дека Аргентинецот е во зрели години и мора да му бара наследник.

Англиските медиуми тврдат дека Гвардиола го сака напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, кој оваа сезона игра одлично како за клубот така и за репрезентацијата.

Меѓутоа, Интер не сака да се раздели од својата ѕвезда, па „граѓаните“ ќе мораат да ја платат откупната клаузула која изнесува 111 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Прво победа над Израел во Скопје за најдобро трето место едни квалификации! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија вечерва го одигра последниот натпревар од квалификациите за…