Пеп Гвардиола побара од Микел Артета да престане јавно да ги изнесува навредливите и неосновани шпекулации поврзани со Манчестер Сити и на тој начин да го оцрнува клубот.
По натпреварот од 5-то коло од Премиер лигата на „Етихад“, Артета се пожали на играчите на Сити и изјави:
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Таму бев четири години. Ги имам сите информации, верувајте ми“.
„Дали тоа го рече? Следниот пат треба да биде појасен што значи ова. Тој рече дека бил тука четири години и точно знаел што се случило овде. Но, ова би можело да важи и за случајот со 115 обвиненија – можеби токму тоа мислеше? Можеби има информации за оваа работа. Се надевам дека му беше поставено соодветното прашање. Наместо да биде мрачен, требаше да биде појасен“, изјави Гвардиола.