Дома Фудбал Англија Гвардиола: Во цел свет има пет измени само ние се правиме паметни

Гвардиола: Во цел свет има пет измени само ние се правиме паметни

Фудбалерите на Манчестер Сити и Ливерпул ремизираа (1:1) во дербито на осмото коло во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул одлично го започна мечот и стигна до предност во 13. минута кога од пенал погоди Салах. Сепак, Сити набрзо потоа израмни на 1:1 преку Габриел и тоа беше конечен резултат на натпреварот.

Сити можеше да пресврт во финишот на првото полувреме, но Кевин Де Брујн не реализираше пенал.

После натпреварот Пеп Гвардиола беше незадоволен, а посебна замерка имаше на тоа што во Премиер лигата не се донесе правилото за пет измени како што е случај во остатоткот од поголемите првенства во Европа. Англичаните одлучија да останат на три измени.

„Со Клоп зборував за борбата за пет измени. Погледнете го англискиот играч Александер Арнолд се повреди пред репрезентативната пауза. Во цел свет има пет измени, само ние тука се правиме паметни. Не можеме да ги заштитиме играчите и тоа е катастрофа. Ќе зборувам со играчите и останатите тренери, потребни ни се пет измени“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Утре ќе го гледаме најскапото финале во историјата на спортот, Трамп призна дека не би платил толку пари

Финалето на Светското првенство во фудбал помеѓу Шпанија и Аргентина стана најскапо во ист…