Дома Фудбал Италија Гатузо пред отказ, Елмас добива нов тренер

Гатузо пред отказ, Елмас добива нов тренер

Наполи влезе во серија на лоши резултати, па позицијата на тренерот Џенаро Гатузо е сериозно разнишана.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека следната недела ќе биде клучна за иднината на Гатузо. Доколку биде елиминиран од Купот на Италија и загуби од Јувентус, Гатузо најверојатно ќе доби отказ.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека претседателот Де Лаурентис е многу лут на својот тренер, особено по разочарувачкиот пораз од Џенова.

Весникот тврди дека во моментов има двајца кандидати кои можат да го наследат се Рафа Бенитез и Валтер Мацари. Двајцата во минатото беа тренери на Наполи, а моментално се без ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…