Дома Фудбал Гатузо наполни 40 – легендите му честитаа роденден! (видео)

Гатузо наполни 40 – легендите му честитаа роденден! (видео)

Легендата на Милан и италијанскиот фудбал Џенаро Гатузо денес го прославува 40-от роденден и тоа на клупата на италијанскиот гигант како тренер на „росонерите“.

Милан го изненади Рино со видео на кое неговите соиграчи и пријатели на духовит начин му го честираат роденденот.

Шевченко му порача да не урла покрај аут линијата бидејќи мора да го намалува гласот кога го гледа Милан.

Кафу и Амброзини му го честитаа 40-от роденден, но му порачаа дека изгледа како да има 50. На честитките се придружија уште Кака, Малдини, Пирло…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…