Дома Фудбал Италија Гатузо: Многу луѓе ми завидуваат, сакам да го победам Анчелоти!

Гатузо: Многу луѓе ми завидуваат, сакам да го победам Анчелоти!

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо утре ја започнува сезоната и тоа против неговиот „учител“ Карло Анчелоти кој сега го предводи Наполи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Наполи има свој идентитет, на сите им е јасно тоа. Утре ќе биде многу тежок меч. Овој Наполи личи во голем дел на тимот на Сари. Анчелоти не го сменил тимот целосно. Се обидува да промени нешто. 90-те поени што тимот ги освои во минатото првенство не се случајност“, истакна Гатузо.

„Вчера се слушнавме со Анчелоти, како што често го правевме откако ја завршив мојата натпреварувачка кариера. Знаете многу добро што доживеавме заедно. Тој е повеќе од тренер. Имаме одличен однос со него. Повеќе од фудбалер – тренер. Тој е поискусен, но утре ќе се надигруваме со Наполи“.

„Игуаин? Мислам дека нема да добиеме ништо само со него. Ни треба тим. Тој е квалитетен фудбалер. Еден од најдобрите 10 на планетата. Јас сум најсреќната личност во светот. Јас тренирам голем тим, со одлично раководство. Многу луѓе ми завидувааt и сакаат да бидат на мое место“, заклучи тренерот на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Поради овој потег на Мбапе, англиските медиуми го нарекуваат – „диктатор“

Францускиот капитен Килијан Мбапе повторно го оправда својот прекар Диктатор откако му нар…