Дома Фудбал Останато Гатузо: Би бил го*но од човек ако сега ги напуштам овие момци!

Гатузо: Би бил го*но од човек ако сега ги напуштам овие момци!

Италијанскиот стратег, Џенаро Гатузо беше пресреќен поради победата на неговиот тим во големото дерби против Динамо Загреб, а задоволството не го криеше и на прес-конференцијата по натпреварот.

Новинарите не пропуштија да го прашаат и за заминувањето на Никола Калиниќ кој ја напушти функцијата спортски директор.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Италијанецот не се плашеше да му даде поддршка, па дури и ја посвети победата на него.

„Дали имам страв од отказ? Се плашам само од смртта, но јас живеам за фудбалот и ја сакам оваа работа. Заработив доволно во кариерата и можам да живеам удобно без нитшо да правам, меѓутоа ова ме исполнува. Читавте што се случува во клубот, имаше различни верзии, а се што можам да кажам е дека Калиниќ не е лажго.

Ме убеди да дојдам тука тврдејќи дека Хајдук е религија и затоа победата му ја посветувам него. На последната прес-конференција претседателот кажа дека не зборуваме десетина дена, тоа не е точно. Ние не зборуваме цел месец. Но, би бил го*но од човек ако сега ги напуштам овие момци“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Штутгарт ја одби понудата од 55 милиони евра од Баерн за Волтемаде

Управата на Штутгарт ја отфрли и втората понуда на Баерн Минхен за Ник Волтемаде. Според н…