Дома Фудбал Италија Гасперини ги потврди проблемите на Иличиќ: Нашите умови некогаш се како џунгла

Гасперини ги потврди проблемите на Иличиќ: Нашите умови некогаш се како џунгла

Јосип Иличиќ доби неограничено слободно време откако повторно падна во депресијата со која се бореше и во периодот кога започна пандемијата со коронавирусот.

Одличниот играч за врска во 2019 година беше страшно потресен од сцените во Бергамо, а се му се вратило во последната недела. Иличиќ последен пат стартер во тимот на Аталанта беше кон средината на декември. Од тогаш два пати влегуваше од клупата, додека во последните три натпревари е „повреден“.

Италијанските медиуми открија дека Словенецот повторно има слични проблеми. Ситуацијата сега ја потврди тренерот на Аталанта, Гасперини.

„Навистина ми е тешко да зборувам за вакви работи затоа што се многу деликатни. Само можам да кажам дека секогаш ќе бидеме со него. Тука не се работи за фудбалот, се работи за нешто многу поважно. Го познавам со години и заедно поминавме многу. Јосип е нормална, позитивна личност, но некогаш нашите умови се како џунгла. Се надевам дека ќе се опорави и ќе ни се врати“, изјави Гасперини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Винисиус го носи Реал поблиску до европскиот трон! 🎥

Реал Мадрид стигна до водство во финалето од Лигата на шампионите. Ливерпул можеби беше по…