Дома Фудбал Галтие го брани Меси: Свирежите кон него немаат смисла, тој беше наш најдобар асистент и стрелец

Галтие го брани Меси: Свирежите кон него немаат смисла, тој беше наш најдобар асистент и стрелец

ПСЖ вчера беше поразен од Лион во дербито од француското првенство, а и во овој натпревар во центарот на вниманието беше Лионел Меси.

Веќе е јасно дека Аргентинецот има лош однос со навивачите во Париз и вчерашниот натпревар на „Паркот на принцовите“ беше само доказ за таквата ситуација.

Пред почетокот на натпреварот Меси доби свирежи од трибините, додека сите останати негови соиграчи беа дочекани со аплази. Не остана и Меси без одговор, па така по завршувањето средбата единствен од тимот на ПСЖ без поздрав си замина во соблекувалната.

Тренерот на „светците“, Крситоф Галтие по натпреварот истакна дека не го разбира потегот на навивачите и застана во одбрана на Меси.

„Навистина не ги разбирам критиките кон него. Чекаме од него или Килијан да ја решат ситуацијата, тој ја води нашата игра и многу зависи целата креација на тимот од неговиот настап. Не можеме да се потпираме само на двајца играчи. Свирежите за Меси немаат смисла, тој беше наш најдобар стрелец и асистент во првиот дел одсезоната“, изјави Галтие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…