Подолго време Мауро Икарди се поврзуваше со трансфер во редовите на Монца, но засега тој трансфер не се реализирал и како што стојат работите нема да се реализира.




Монца веќе донесе 13 засилувања во овој преоден рок, а Икарди сигурно нема да биде нивно ново име. Тоа го потврди директорот на клубот, Адријано Галијани.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Нема да го доведеме Икарди, запаметете ги моите зборови нема шанси. Не ни е потребен друг напаѓач после Андреа Петања“, изјави Галијани.




Петања беше последното засилување за Монца кое пристигна од Наполи.