Дома Трансфер зона Галиани: Бака не е на продажба!

Галиани: Бака не е на продажба!


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Во изминатиот период медиумите константно шпекулираа за иднината на Карлос Бака и тврдеа дека напаѓачот би можел да го напушти Милан во зимскиот преоден рок.

Интерес за Бака покажуваат неколку екипи ширум Европа, а најмногу се поврзува со трансфер во ПСЖ и Севиља.

Сепак, спортскиот директор на „росонерите“, Адриано Галиани денес категорично демантираше дека Бака може да биде продаден во зимскиот преоден рок.

„Продажбата на Бака не е во нашите планови. Ние сакаме додатно да се засилиме за да се вратиме во Лигата на шампиони. Тоа е нашата примарна цел, Бака останува во Милан“, изјави Галини.

„Доколку пристигне непристојна понуда? Повторувам, ние немаме намера да го продаваме играчот. Меѓутоа, во фудбалот се е можно“, заклучи трансфер гуруто на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ ја спрема последната понуда за Скринар, Интер е на потег

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Eкипата на ПСЖ ќе се обиде во последните мом…