Првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи побара од УЕФА детално да се истражат финансиските зделки кои Каталонците ги направија ова лето.
Барселона и покрај сериозните финансиски проблеми летово успеа добро да се засили и потроши голема сума на пари. Парите Каталонците ги заработуваа така што ги продаваа своите маркетиншки права и дел од нивните телевизиски и дигитални прави.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За Ал-Келаифи ваквата ситуација создава нелојална конкуренција.
„Ако ме прашувате дали е фер ќе ви одговорам – не е! Дали е законско? Тоа не можам да ви кажам, затоа што не знам и не сум толку упатен“, изјави Келаифи.
Токму неговиот ПСЖ често пати во јавноста е критикуван дека користи фиктивни спонзорски договори за да пумпа пари во клубот и да создава финансиска предност на трансфер пазарот во однос на другите клубови.
Во овој момент Ал-Келаифи е и претседател на Европската клупска асоцијација каде што дојде на местото на Андреа Ањели после целиот хаос со Суперлигата.