Дома Фудбал Италија Газдата на Милан лично ќе се заложи околу новиот договор на Леао

Газдата на Милан лично ќе се заложи околу новиот договор на Леао

Приоритет на новиот сопственик на Милан, Гери Кардинале ќе биде продолжување на договорот на најголемата ѕвезда на тимот, Рафаел Леао.

„Газета дело Спорт“, пишува дека Кардинале на почетокот на октомври ќе дојде во Италија за лично да се заложи околу преговорите со Леао и тренерот Пиоли.

Пиоли ќе добие нов договор со зголемување на платата и двете страни се блиску до договор, па тука нема да има никаков проблем.

Преговорите со агентите на Леао се во застој бидејќи после освоеното Скудетото апетитите на Португалецот значително пораснаа.

Милан испрати понуда од 6 милиони евра по сезона, но Леао сака да биде меѓу најплатените во Серија А и бара 8 милиони евра по сезона.

Кардинале лично ќе има средба со неговиот агент Жорге Мендеш и најавите се дека ќе ја исполни желбата на Леао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мајсторија каква ретко се гледа: Ова е најубавиот гол во Лигата на нации🎥

19-годишниот словенски репрезентативец Бенџамин Шешко уште еднаш покажа дека е еден од нај…