Taлентираниот Бразилец Винисус Жуниор повторно беше една од ретките светли точки во таборот на Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Констатно се закануваше по својата страна каде што правеше проблеми за дефанзивците на Барселона. Дека е тешко да се остане „еден на еден“ со Винисус на своја кожа почуствуваа Семедо и Пике.
Посебно тоа се однесува за Пике кој во еден соло продор падна на „лажњакот“ на новата ѕвезда на „кралевите“. За негова жалост не успеа да се запиша во листата стрелци бидејќи топката помина покрај стативата.
Интересен е податокот кој се доби после завршувањето на натпреварот, а тоа е дека Винсиус во „Ел Класико“ имал повеќе обиди од сите фудбалери на Барселона заедно. Играите на Барселона упатија вкупно четири удари кон голот на Реал, но беа ефикасни и постигнаа три гола.