Дома Фудбал Вчера беше постигнат еден од најконтроверзните голови во Лигата на шампионите

Вчера беше постигнат еден од најконтроверзните голови во Лигата на шампионите

Вo натпреварот со најмногу голови Порто вчера го победи Шахтјор со 5:3 во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, а на оваа средба се постигна и еден од најконтроверзните голови во најелитното европско натпреварување.

Порто водеше со 1:0, а во таа ситуација Шахтјор постигна гол во акција во која линскиот судија даде сигнал за прекин на играта поради офсајд.

Тогаш фудбалерите на Порто застанаа и чекаа реакција од главниот судија Ковач, но истата ја немаше. Така Шахтјор постигна гол кој подоцна со ВАР системот се покажа дека е од регуларна ситуација, па истиот беше признат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алисон блескаше, Ливерпул победи: Палас на дното, Саж под притисок

Ливерпул со 3-1 го освои „Селхурст парк“ и се искачи на четвртото место, додека четвртиот …