Дома Македонски спорт Мак ракомет Вујовиќ: Ниту една екипа не е фаворит против Кил на гости

Вујовиќ: Ниту една екипа не е фаворит против Кил на гости

Утре Вардар го чека натпревар против Кил во рамките во Лигата на шампионите во кои ќе се обидат да ја прекинат црната серија на порази во елитното натпреварување.

Тренерот Вујовиќ пред гостувањето истакна дека ниту една екипа не е фаворит во Кил, но се надева на добра игра.

„Не чекаат три важни натпревари. Прво одиме во Кил и не сме фаворити, ниту една екипа во Европа не е фаворит во Кил. Би било многу важно да одиграме еден добар натпревар пред дуелите со Загреб и Еурофарм“.

Вардар повторно има проблеми со составот.

„Со составот повторно имаме проблеми, Гаџа има вироза и нема да патува во Германија. Кудуз се враќа, но не е 100% спремен. Борко се уште не е опоравен, се надевам за брзо ќе го имаме на располагање. Од три натпревари кои не чекаат две победи се мелем за сите нас. Очекувам да дадеме максимум и на некој начин позитивно да го завршиме првиот дел од сезоната“, изјави Вујовиќ.

Дуелот помеѓу Кил и Вардар се игра утре од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Официјално: Игор Котевски нов тренер на Металург

Тимот на Металург потврди дека Игор Котевски е новиот тренер на клубот. Вакво нешто се нај…