Дома Македонски спорт Мак ракомет Вујовиќ: Имаме свои адути и шанси, Вардар е фаворит против Елверум

Вујовиќ: Имаме свои адути и шанси, Вардар е фаворит против Елверум

Македонскиот шампион Вардар отпатува за Норвешка каде што ќе ја отвори сезоната во Лигата на шампионите, противник на „црвено-црните“ ќе им биде Елверум.

Вујовиќ смета дека Елверум е екипа која Вардар може да ја победи.

„Патуваме за Норвешка каде исто така треба да ги испочитуваме сите Ковид протоколи, а потоа и да играме со екипа која мислиме дека можеме да ја победиме. Јас се уште не ја знам вистинската сила на мојот тим. Не играњето на Ф4 во СЕХА лигата и два силни меча против европски екипи не ми даваат показател за тимот. Особено што во тимот нема да ги имаме ниту Кудуз ниту Гурбиндо кои сезонава веќе играа на неколку натпревари. Едниот поради повреда, другиот поради некои други причини. Тука се браќата Њокас, кои сепак ќе имаат само еден тренинг и незнам ни во каква физичка кондиција се. Се среќаваме со екипа што игра врвен ракомет како и сите нордиски екипи, играат модерно, доста трчаат, имаат креативни играчи. Ќе биде тежок натпревар. Би било добра првиот чекор во ЛШ да го почнеме со победа, но во овој момент навистина не можам да кажам дека Вардар е фаворит на овој натпревар, иако имаме свои адути и свои шанси и ќе сториме се да го добиеме натпреварот во Норвешка“, ијзави Вујовиќ.

Натпреварот со Елверум Вардар го игра утре во 18:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Штип по пет години повторно има женска екипа во ракометната елита на Македонија!

Штипскиот женски ракомет тивко и ненаметливо повторно ќе ги заплиснува елитните прволигашк…