Дома Останати Вујовиќ збесна и го нападна Вучиќ: Ало бре, не управуваш ти со мојот живот!

Вујовиќ збесна и го нападна Вучиќ: Ало бре, не управуваш ти со мојот живот!

Легендарниот ракометен тренер Веселин Вујовиќ жестоко го критикуваше претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Вујовиќ е познат како човек кој го кажува она што го мисли и секогаш има одреден став по некои прашања. Овој пат поради одлуката за враќање на полицискиот час го критикуваше претседателот на земјата во која сега живее.

„Оној ден кога претседателот Вучиќ најави повторно карантин и полициски час јас „пукнав“ и си кажав: Ало, бре не управуваш ти со мојот живот! Ако Вучиќ воведе диктатура ќе биде казнет од граѓаните. Бараше од мене да држам социјална дистанца – држев, од четврток до понеделник не излегував од дома. Ги почитував правилата, полицијата не ми даваше да отидам до викендицата по леков, а истовремено некои сомнителни ликови имаа дозвола да се шетаат низ градот“.

„Тогаш наеднаш се укина полицискиот час и сите превентивни мерки. Кога поминаа изборите народот е обвинет за ескалацијата на коронавирусот. Епа јас ќе бидам првиот кој нема да прифати нови полициски часови и карантини“, порача Вујовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Поразот после кој Мекгрегор почнал да плаче 🎥

Aртемиј Ситенков е првиот борец во УФЦ кој го победи Конор Мекгрегор, тој сега раскажа кол…