Дома Останати Ракомет Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ во хрватскиот клуб Нексе.

Вујовиќ на клупата на Нексе седеше само два месеци и откако не успеа да ги донесе очекуваните резултати клубот одлучи да му врачи отказ.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Раководството на Нексе и тренерот Веселин Вујовиќ одлучија да ја прекинат соработката“, објави Нексе.

На табелата Нексе ризикува да го изгуби и второто место бидејќи по осум одиграни кола има ист број на бодови со Сесвете. Во последниот натпревар на кој Вујовиќ седеше на клупата Нексе ремизираше 28:28.

Исто така Вујовиќ доби забрана за извршување на тренерската функција од три месеци поради големиот инцидент кој се случи на мечот меѓу Нексе и Загреб одигран на почетокот од април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер го дозна распоредот на натпревари во ЛШ

Пелистер го доби официјалниот распоред од ЕХФ за новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ).…