Британски „Индепендент“ пренесува дека талентираниот Каталонец би можел да биде првото засилува за Јунајтед ова лето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Ѓаволите“ полека ја приведуваат работата при крај кога во прашање е доведувањето на Арнау Пуигмал во своите редови. Станува збор за 16 годишен талентиран фудбалер кој исто така беше и голема желба на градскиот ривал на Јунајтед, Манчестер Сити.
Меѓутоа, бидејќи „Граѓаните“ имаат забрана за доведување на странци во академијата, „Ѓаволите“ ја добија оваа битка.
Пуигмал е избор на Мурињо, Португалецот е убеден дека ова момче има потенцијал во иднина да стане еден од носителите на играта на Јунајтед.