Дома Фудбал Во „5 до 12“ УЕФА изнендувачки ги смени судиите за мечот ЦСКА Софија – Македонија Ѓ.П

Во „5 до 12“ УЕФА изнендувачки ги смени судиите за мечот ЦСКА Софија – Македонија Ѓ.П

Oд засега непозната причина УЕФА во последен момент ги промени судиите за мечот помеѓу ЦСКА Софија и Македонија Ѓорче Петров.

Првично за главен судија на овој напревар беше задолжен Дејвид Кур од Велика Британија, но во „5 до 12“ се направи промена и главен на центарот во Софија ќе биде Марсел Бирсан од Романија.

Треба да се спомене дек Бирсан и судел на ЦСКА Софија во реваншот од второто коло во квалификациите минатото лето. Тогаш ЦСКА одигра 0:0 во Летонија против Лиепаја. Во следната фаза ЦСКА поминала благодарение на подоброто изведување пенали (3:1).

Мечот меѓу ЦСКА и Македонија Ѓ.П се игра во терминот од 19:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…