Дома Фудбал Останато Во 2015. година ја освои ЛШ, а сега новиот клуб не му дава договор се додека не дојде на проба

Во 2015. година ја освои ЛШ, а сега новиот клуб не му дава договор се додека не дојде на проба

Барселона ова лето ќе ја напушти бесплатно, иако има договор со Каталонците уште една година.

Жереми Матје во Барселона е од 2014. година, кога за 20 милиони евра пристигна од Валенсија. Ова лето ќе го напушти клубот бесплатно, иако има договор со каталонскиот гигант уште една година.

Кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Спортинг Лисаон, но првично ќе мора на тренинзи за да го докаже својот квалитет во португалскиот гигант. Доколку тие бидат задоволни со тоа што го покажува 33-годишниот стопер, ќе потпишат договор.

Матје со Барселона во 2015. година освои тројна круна, а во победата од 3:1 против Јувентус во финалето во ЛШ во игра влезе во судиското продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал подготвува понуда од 40 милиони евра за ѕвездата на Лајпциг

Арсенал и Тотенхем се заинтересирани за крилото на РБ Лајпциг, Антонио Нуса, но германскио…