Дома Останати Кошарка НБА Во чест на Коби променет форматот на „Ол-Стар“ натпреварот

Во чест на Коби променет форматот на „Ол-Стар“ натпреварот

Ол-Стар викендот во НБА лигата ќе се одржи во Чикаго од 14. до 16. февруари, а раководството на ова натпреварување воведе нов формат.

Екипите ќе играат за победа во секоја од првите три четвртина кои како и вообичаено ќе траат по 12 минута. На стартот на втората четвртина ќе се појави „FinalTargetScore“. Тогаш ќе се соберат поените од првите три четвртини од поуспешниот и ќе се додадат 24 поени во чест на починатиот Коби Брајант.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Откако ќе се одреди „FinalTargetScore“ екипите ќе ја играат третата четвртина без временски период. Победник ќе биде оној тим кој ќе го достигне „FinalTargetScore“.

Еве еден пример: Ако после првите три четвртина резултатот гласи 90:85, 24 поени ќе добие домаќинот поради водството и „FinalTargetScore“ ќе биде 114, ќе победи екипата која прва ќе стигне до овој број на поени.

Инаку, натпреварот ќе има и хуманитарен карактер. Победникот од секоја од трите четвртина ќе добива по 100.000 долари кои ќе бидат донирани во хуманитарни организации. Покрај тоа победникот во целиот натпревар ќе добие 200.000 долари исто така и тие ќе бидат донирани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…