Дома Фудбал Во фудбалот се Пеле, Марадона и Гунарсон…

Во фудбалот се Пеле, Марадона и Гунарсон…

Исланд играше на ЕП, а ќе биде учесник и на престојното СП во Русија.

Исланд е вистинско фудбалско чудо. Играчите на оваа мала земја имаат големо срце. На нив голем поклон и цела среќа на Мундијалот, бидејќи ја заслужија.

Исланѓаните изборија пласман во групата во која беа и селекциите на Хрватска и Украина.

Селекторот на Исланд, Халгримсон, имаше само пофални зборови за своите момци, а особена чест му издвои на Гунарсон.

„Мислите му се на највисоко ниво, не знам ниту што да кажам“, тврдеше селекторот па додаде:

„Пеле, Марадона и Гунарсон“, порача еуфоричниот Халгримсон кого го воодушеви капитенот, а бројни епитети подели и за останатите играчи.

„Момците покажаа дека се големи играчи и големи луѓе. Имаат квалитет, се држат заедно, многу. Горд сум на нив“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Без бод пред последниот меч: Седлоски бара напад и реакција против Словенија

Македонија утре ја затвора дебитантската кампања во Б-дивизијата, а Седлоски бара поголема…