Дома Останати Во Франција срушен светскиот рекорд на 1.500 метри

Во Франција срушен светскиот рекорд на 1.500 метри

Норвешкиот атлетичар Јакоб Ингебригцен успеа да го собори светскиот рекорд во сала на 1.500 метри, тој истрча со време 3:30,60 минути. Ова време го постави на вчерашниот митинг во Франција, Левин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рекордот од 3:31,04 кој беше поставен во февруари 2019 година го држеше Самуел Тефера од Етиопија кој исто така учествуваше во оваа трка и заврши на второто место.

„Се надевав на личен рекорд, не ни сонував дека можам да поставам нов светски рекорд“, изјави 21-годишниот Норвежанец.

За него ова е прв поставен светски рекорд во кариерата. Ќе потсетиме дека тој е олимписки шампион од Токио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…