Дома Трансфер зона Во Фиорентина пристигнала понуда од 70 милиони евра, но Влаховиќ сака само во Јувентус!

Во Фиорентина пристигнала понуда од 70 милиони евра, но Влаховиќ сака само во Јувентус!

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ сака да направи трансфер до крајот на преодниот рок, но изгледа негова желба е само Јувентус.

Влаховиќ сезонава игра во одлична форма и клубот се обидуваше да го продолжи неговиот договор, но понудите беа одбиени. Актуелниот договор со Фиорентина му истекува летото 2023 година и во Фиренца се свесни дека мораат да го продадат ако сакаат да заработат.

Голем интерес за Влаховиќ покажа Арсенал кој наводно и испратил понуда од 70 милиони евра колку што бара Фиорентина, но проблемот е што тој не сака во Лондон. Влаховиќ според информациите на италијанските медиуми сака само во Јувентус. Јувентус од друга страна не е спремен сега да плати 70 милиони и нудшее 35, плус Дејан Кулушевски.

Медиумите во Италија пишуваат дека челниците на Фиорентина се лути на Влаховиќ и неговите агенти затоа што воопшто не се јавувале на телефон и не можат да стапат во контакт. Очигледно сакаат да стават до знаење дека нивна желба е само трансфер во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Астон Вила доведе големо засилување од 45 милиони евра

Завршен е првиот трансфер на звучно име во англиската Премиер лига за следната сезона. Бра…