Дома Трансфер зона Во следните 48 часа двајца фудбалери го напуштаат Арсенал!

Во следните 48 часа двајца фудбалери го напуштаат Арсенал!

Остануваат уште два дена до затварање на преодниот рок, а менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер потврди дека постои можност двајца фудалер да го напуштат клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за Карл Џенконсон и Матије Дебуши, фудбалери на кои Арсен Венгер им ја отвори излезната врата и потврди дека нема намера да купува фудбалери оваа зима.

„И понатаму постои можност клубот да го напуштат Џенконсон и Дебуши. Кристал Палас го сака Карл, но сеуште не сме блиску до договор, станува збор за одличен фудбалер и заслужува да биде среќен. Дебуши сега е потполно спремен, се опорави и сака нови предизвици. Што се однесува за купување, имаме доволно играчи на сите позиции и немаме потреба од засилувања“, потврди Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…