Дома Фудбал Во Реал никој не „жали“ по Роналдо: Не ни недостасува, играме одлично

Во Реал никој не „жали“ по Роналдо: Не ни недостасува, играме одлично

Кристиано Роналдо секако беше најдобар играч и веројатно најзаслужен за освојувањето на трите титули во низа европски шампион на Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сепак, неговата појава како да ги спречуваше останатите играчи да покажат што знаат. Бензема и Бејл проработеа оваа сезона и Реал и без Роналдо изгледа сосема добро.

Еден од оние од кои се очекува да проработат е и Иско.

Иско за шпанските медиуми истакна дека на овој тим воопшто не му недостасува Роналдо и дека екипата игра одлично и без него.

„Крис е одличен, неверојатен фудбалер. Тој ви гарантира 40-50 погодоци. Кога ќе победуваме ќе кажуваат дека не ни недостасува, ако не победимува ќе биде спротивното. Сега играме одлично, фудбалерите кои не постигнуваат голови минатата година сега тоа го прават. Не ни недостасува Роналдо. Јас му посакувам се најдобро во Јувентус“, изјави Иско.

Нема сомневање дека многу играчи конечно добија слобода во Мадрид, а Иско веројатно е еден од нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фиго јасен: Објасни зошто Мурињо не треба да биде тренер на Реал

Еден од најславните португалски фудбалери на сите времиња, Луис Фиго, смета дека враќањето…