Дома Фудбал Во Реал бараат да се поништи жолтиот картон на Касемиро

Во Реал бараат да се поништи жолтиот картон на Касемиро

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера ја победија Аталанта со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ успеаа да дојдат до победа со гол во самиот финиш од натпреварот кога мрежата на италијанскиот тим ја погоди Менди.

Но, Реал во поголемиот дел од натпреварот играше со играч повеќе бидејќи во 18. минута исклучен беше Ремо Фројлер. За многумина таа одлука на главниот судија беше престрога.

Сега во Мадрид најдоа нов начин да ги налутат навивачите на Аталанта. Имено, тие најавија жалба за жолтиот картон на Касемиро и бараат тој да се поништи за да може да игра во реваншот.

Изгледа дека во Реал заборавија дека во самиот финиш главниот судија му прогледа низ прсти кога можеше да му додели втор жолт картон на Касемиро поради симулирање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабрегас предупредува пред Торино: Комо без право на опуштање и без Кин

Комо го чека четврти натпревар за десет дена, а Фабрегас има и кадровски проблеми пред гос…