Дома Фудбал Во ПСЖ заработува милиони, а поради неплатени сметки своите деца ги оставил без струја

Во ПСЖ заработува милиони, а поради неплатени сметки своите деца ги оставил без струја

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Лукас Ернандез заработува околу 19 милиони годишно, но се чини дека тоа не е доволно за да им помогне на поранешната сопруга и децата.

Лукас има две деца со Амелија Љоренте, а вниманието на пошироката јавност го привлекоа во април 2023 година кога поранешната сопруга на францускиот репрезентативец јавно го обвини за неверство.

По нивната разделба, таа му испрати порака на Ернандез на социјалните мрежи.

“Можеш да престанеш да играш на две страни, Лукас. Кристина, ти го препуштам. Само не заборавај дека имаш две деца кои воопшто не доаѓаш да ги видиш”, му порача тогаш Амелија на Хернандез.

Една година по разделбата, Амелија јавно го обвини фудбалерот дека не ги платил сметките за струја и дека поради тоа неговите деца вечераат во темница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија без Куртулан во ноември, бекот чека шанса за Турција

Арда Куртулан е насочен кон настап за Турција, но конечна потврда за неговата репрезентати…