Дома Трансфер зона Во ПСЖ донеле одлука – плаќаат 40 милиони евра!

Во ПСЖ донеле одлука – плаќаат 40 милиони евра!

ПСЖ наскоро ќе ја активира клазулата и ќе го официјализира откупот на Нуно Мендеш од лисабонскиот Спортинг.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Младиот Португалец оваа сезона ја помина на позајмица од Спортинг, а во неговиот договор има клазула според која може да биде откупен за 40 милиони евра.

Нуно Мендеш ќе остане во Париз и ќе потпише договор до 2026 година со што во ПСЖ си ја обезбедија левата страна во одбраната откако и Ашраф Хакими потврди дека е среќен и дека сака да остане.

Сепак, најголемото внимание во Париз е насочено кон ситуацијата со Килијан Мбапе. Во ПСЖ прават се за да го убедат да го продолжи договорот кој му завршува на крајот од сезоната, а ќе видиме дали ќе успеат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…