Дома Останати Кошарка НБА Во Портланд експресно одлучија: Мело добива договор до крајот на сезоната!

Во Портланд експресно одлучија: Мело добива договор до крајот на сезоната!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Кармело Ентони добива договор во Портланд!

Само еден месец откако ризикуваа со доведувањето на ветеранот се покажа дека Портланд направи одличен потег. Блејзерси имаа можност до 7. јануари да одлучат дали сакаат да го задржат и изгледа дека одлучиле порано.

Една година Ентони не играше професионална кошаркар, клубовите не се решаваа да му дадат шанса поради неговите години.

Меѓутоа во Портланд Мело игра над очекувањата во просек има учинок од 16.9 поени и 5.9 скокови по натпревар со 44.8% успешност на шут од игра и 38.9% за три поени.

До крајот на сезоната тој ќе заработи 2.16 милиони долари што е минимален договор за ветерани и тоа вистинска ситница во споредба со она што Мело го заработи претходно во кариерата, 249 милиони долари. Меѓутоа парите не беа причина за неговото враќање, туку желбата да докаже дека се уште припаѓа во НБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

„Летаа“ боксови: Општа тепачка на натпревар во НБА! 🎥

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Инцидент се случи на…