Дома Фудбал Англија Во Ливерпул веднаш пронајдоа „дупка“ во новото правило за слободни удари

Во Ливерпул веднаш пронајдоа „дупка“ во новото правило за слободни удари

Oд ова сезона беше одлучено во фудбалот да се воведат неколку нови правила, а едно од нив се однесува на изведувањето слободни удари.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ливерпул вчера го победи Норвич со 4:1 во првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата. „Црвените без поголеми проблеми стигнаа до победа и најавија дека и оваа сезона ќе бидат кандидати за титулата.

Во второто полувреме видовме една интересна ситуација кога домаќините имаа слободен удар од добра позиција. Познато е дека според новите правила играчите на екипата која го изведува слободниот удар не смеат да бидат во живиот ѕид и да ги туркаат противничките фудбалери како што беше вообичаено.

Меѓутоа во Ливерпул покажаа дека правилото има свои недостатоци и пронајдоа „дупка“. Тие застанаа едно метро пред играчите на Норвич и го покриваа делот пред голманот на овој тим.

Поради тоа настана конфузија на теренот и сега тимовите веројатно полесно ќе постигнуваат голови од вакви ситуации бидејќи голманот скоро и да не ја гледа топката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Луис Енрике откри кога планира да оди во пензија: Не сакам да бидам дедо покрај аут линијата!

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике (56), ги сподели своите долгорочни намери, открив…