Дома Трансфер зона Во договорот на Бернардо Силва има откупна клазула која не е тешко да се плати

Во договорот на Бернардо Силва има откупна клазула која не е тешко да се плати

Португалецот, Бернардо Силва оваа недела потпиша нов договор со Манчестер Сити кој има важност до 2026 година, меѓутоа во неговиот договор има и откупна клазула.

Имено, во договорот помеѓу Сити и Силва има клазула во износ од 58 милиони евра. Летово Силва се поврзуваше со ПСЖ и Барселона, но на крајот се одлучи да ја продолжи соработка.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Но, сумата од 58 милиони евра со денешните услови на трансфер пазарот и не е некоја преголема, па лесно може да се случи Португалецот да замине.

Силва минатата сезона беше еден од најстандардните во составот на Гвардиола, а посебно се истакна во финишот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул најде идеална замена за Александер Арнолд

Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренес…