Дома Фудбал Германија Во Борусија пресметале колку ќе изгубат поради коронавирусот

Во Борусија пресметале колку ќе изгубат поради коронавирусот

Пандемијата со коронавирусот направи големи проблеми за клубовите ширум светот.

Многумина беа приморани да отпуштаат работници и да ги намалуваат трошоците за колку толку нормално да функционираат, а кризата не ја заобиколи и Борусија Дортмунд.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Прекинувањето на сезоната, но и играњето зад затворени врати имаа големо влијание на приходите на Борусија имајќи во предвид дека овој клуб во просек има најмногу гледачи на трибините во Бундеслигата.

Медиумите во Германија пренесуваат дека во Борусија поради кризата очекуваат да изгубат околу 45 милиони евра.

Милионерите лани работеле со добивка, па не треба да се сомневаме дека имаат доволно финансиски резерви да ја преживеат оваа криза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…