Талентираниот ракометар Самоил Ристевски потпиша нов договор со екипата на Еурофарм Пелистер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Информацијата за новиот договор ја потврди битолскиот клуб преку социјалните мрежи.
„По само неколку натпревари во тимот на Еурофарм Пелистер, кадетскиот и младински репрезентативец Самоил Ристевски потврди дека местото му е во нашиот проект и во иднина. Затоа клубот го препозна неговиот талент, напредок и проекција и потпиша договор до 2028 година.
18-годишниот Ристовски е продукт на школата на клубот и на позицијата кружен напаѓач веќе дебитираше во националните репрезентации на Македонија и неговиот квалитет е препознат насекаде.
Потписот на Ристовски е само продолжување на проектот најдобрите македонски ракометари да играат во македонскиот шампион“, стои во соопштението.