Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ: Победи на Вардар, Воска, Гостивар и Пелистер

ВМФЛ: Победи на Вардар, Воска, Гостивар и Пелистер

Водечките екипи во македонската втора лига без проблеми славеа победи во рамките од 22-то коло.

Лидерот Вардар на стадионот „Борис Трајковски“ ја совлада Каменица Саса со 3:0. Десниќ во првото полувреме донесе водство на вардарци, додека во финишот Размоски и Митев ги поставија конечните 3:0.

Воска Спорт на гости кај Слога Виница забележа триумф од 1:3, додека Гостивар со 0:3 ја совлада Беласица во Струмица, па така го одржаа чекорот со лидерот.

Пелистер дома беше подобар од Детонит со 2:0.

ВМФЛ РЕЗУЛТАТИ:

Вардар – Каменица Саса 3-0

Охрид – Борец 2-0

Слога Виница – Воска спорт 1-3

Беласица – Гостивар 0-3

Тетекс – Беса 1-2

Пелистер – Детонит 2-0

Арсими – Караорман 3-1

Кожуф – Локомотива Скопје 2-1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…